Ракомет

Крстевски: „Денес ми се исполни сонот – да бранам во европски натпревар“

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на Охрид со уште една сигурна партија го заверија пласманот во третата рунда од ЕХФ Европскиот Куп. По вчерашниот триумф, охридскиот тим повторно беше неприкосновен и по вторпат, пред својата публика го совлада Баки со убедливи 38-21.

Стратегот, Борис Ројевиќ, им даде шанса на неколку млади ракометари од сопствената школа, кои целосно ја оправдаа довербата. Меѓу нив беа голманот Бојан Крстевски, бекот Илија Трајчески и крилото Христијан Пупунцоски, кои со својата енергија внесоа свежина во тимот.

Младиот голман на ГРК Охрид, Бојан Крстевски, го имаше своето европско деби во натпреварот против Баки, кој охридскиот тим го доби со убедливи 38-21, осигурувајќи пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Крстевски доби шанса од стратегот Борис Ројевиќ и ја искористи на најдобар можен начин, забележувајќи седум одбрани и 44% успешност, што му донесе одлични реакции од публиката и голема поддршка од соиграчите. За него, ова беше натпревар што ќе го памети цел живот.

Во изјава за Спортска Мрежа по натпреварот, Крстевски истакна:

„Најпрво, денес ми се исполни мојот сон, бидејќи отсекогаш сум сакал да заиграм во натпревар за Европа и благодарам за укажаната можност, денес да го искусам тоа. Ова можеби не беше меч кој беше резултатски важен за нас, меѓутоа е момент за мене што ќе го паметам во текот на целата моја кариера. Во моето деби, сметам дека имав добри интервенции, но сепак треба да се тренира сѐ повеќе и повеќе, за да биде сѐ подобро, па ако можеме, зошто да не стигнеме и до финале.“-  изјави младиот голман.

Со вакви настапи, младиот охридски голман најавува дека иднината на охридската ракометна школа е сигурна – и дека на клубот му доаѓа нова генерација која знае како да се носи со европските предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!