Билјанини Извори од Охрид стигна до нов триумф и нови три бодови, откако на гостувањето кај Плачковица славеше со 0:6 во меч од 5. коло на Втората женска фудбалска лига.
Девојките на Александра Рубаноска беа фаворити на натпреварот, а тоа го потврдија со висока победа шест погодоци.
По три погодоци беа постигнати во двете полувремиња. Ева Андонова беше двоен стрелец, а по еден гол во мрежата на Плачковица постигнаа Стефанија Ристова, Марија Јулчовска, Ивана Николоска и Марија Бојкова.
Натпреварот во Македонски Брод меѓу Порече и Борец не се одигра, откако гостинскиот тим од Велес по чекање од 30 минути не се појави на теренот.

Ова значи службена победа од 3:0 и службени три бода за екипата на Порече.
Вчера, екипата на Конзули на гостувањето во Скопје кај Слободен славеше со 0:12, извештајот на Спортска Мрежа за овој меч е достапен овде.



