Камјани дојде до минимална, но огромна победа над Џепчишти на домашен терен, а благодарение на голот на Арбин Хајрули кој погоди во 83. минута за победа од 1:0.
Дербито на 5. коло во Трета лига – Запад го реши еден гол, но доволно за лидерот да го чува и натаму врвот на табелата.
Кичевското дерби го одбележа два пенал, еден црвен картон и триумф за Влазерими од 3:1 над Напредок.
Резулатот го отвори Албулен Имери во 25. минута за водство на домашниот тим од 1:0, а по една минута Лабинот Елези погоди за двојна предност. Во 33. минута судијата Бенарт Зеќири покажа на белата точка за гостинот, а сигурен реализатор беше Младен Котевски кој намали на 2:1 на полувреме.

Во второто полувреме Шуип Хисмани во 59. минута зголеми на 3:1, а во 61. минута од мечот Напредок остана со играч помалку на теренот откако Христијан Зафироски доби втор жолт картон. Конечниот резултат го постави искусниот Иве Трифуновски во 89. минута за голем триумф на Влазерими од 4:1.
Љуботен доживеа нов пораз овој пат дома од Ренова со резултат од 1:3. Ермаил Саити го отвори резултатот за водство од 0:1, а во вториот дел Генц Јакупи со два погодоци обезбеди предност од три погодоци за „гипсарите“ од Џепчиште. Во 81. минута Теодор Стојанов го ублажи поразот на конечни 1:3 со гол од пенал.
Доброшти забележа висок домашен терен откако загуби од Вардрар Брвеница со 1:4. За домашниот тим стрелаше Агон Хашими, а пак за гостинот Дејан Јанкуловски, а пак Ивица Костадиновски имаше два погодоци. Арсим Рамадани си постигна автогол.
На воведниот меч екипата на Дрита со 3:1 ја доби Речица на домашен терен преку пресврт. Гостинот прв поведе преку Мамут Рамадани во 20. минута, а девет минути подоцна Адриан Исмаили израмни на 1:1. Во вториот дел Исмаили со втор гол направи пресврт, а пак Лундрим Асани ги постави конечните 3:1 во 68. минута.
Натпреварот меѓу Скендербеу и Зајази не се одигра, откако гостинот по чекање од 30. минута не се појави на теренот, а ова ќе значи службена победа од 3:0 за домашниот тим.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК КАМЈАНИ | 5 | 5 | 0 | 0 | 12 | 1 | +11 | 15 |
| 2 🔼 | ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 | 5 | 4 | 0 | 1 | 12 | 7 | +5 | 12 |
| 3 🔽 | ФК РЕНОВА АД | 5 | 3 | 1 | 1 | 15 | 9 | +6 | 10 |
| 4 ➖ | ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево | 5 | 3 | 1 | 1 | 10 | 7 | +3 | 10 |
| 5 🔼 | ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница | 5 | 3 | 0 | 2 | 11 | 7 | +4 | 9 |
| 6 ➖ | ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 | 5 | 2 | 1 | 2 | 8 | 5 | +3 | 7 |
| 7 🔼 | ФК ДРИТА 94 | 5 | 2 | 0 | 3 | 9 | 13 | -4 | 6 |
| 8 🔽 | ФК РЕЧИЦА | 5 | 1 | 1 | 3 | 7 | 10 | -3 | 4 |
| 9 🔽 | ФК ДОБРОШТИ | 5 | 1 | 1 | 3 | 9 | 12 | -3 | 4 |
| 10 ➖ | ФК СКЕНДЕРБЕУ | 4 | 1 | 1 | 2 | 4 | 9 | -5 | 4 |
| 11 ➖ | ФК ЗАЈАЗИ | 4 | 0 | 1 | 3 | 3 | 9 | -6 | 1 |
| 12 ➖ | ФК ЉУБОТЕН | 5 | 0 | 1 | 4 | 3 | 14 | -11 | 1 |