Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бошеска херој на Тиверија Брера, Скопје го доби дербито со Саса, Истатов и Љуботен со високи победи!

Сподели
Сподели

Скопје триумфираше во дербито со Каменица Саса славејќи со 0:2, а благодарение на двата погодоци на Блехана Алиеска, која го реши мечот во Македонска Каменица, во дерби од 9. коло на Првата женска фудбалска лига.

Алиеска првиот погодок го постигна од тешка позиција во 23. минута за водство на гостинот од 0:1 на полувреме. Во вториот дел „рударките“ бараа создавање на ситуација за погодок, но одново Алиеска во 66. минута ја стресе мрежата на Симона Тринкова за конечни 0:2.

Тиверија Брера го слави името на Ане Бошеска која го реши дербито во Струга со гол во 66. минута со што гостинот од Струмица го освои целиот плен славејќи со 1:2 над Ас Јунајтед.

Возбудлив и неизвесен меч понудија двете екипи во градот покрај Охридското Езеро. Павлинка Николовска во 12. минута го отвори резултатот, но радоста на Тиверија Брера траеше само четири минути, откако новото засилување Јована Павлоска во 16. минута беше прецизна за 1:1.


Во вториот дел двете екипи беа во резултатска егал барајќи погодок за три бодови, а човек на одлука беше искусната Бошеска откако македонската репрезентативка во 66. минута ја матираше бразилската голманка Џесика Тајнара Алвеш де са Сантос за конечни 1:2 за огромна радост за Тиверија Брера.

Истатов апсолутно без никаков проблем го совлада тимот на Речица со резултат од 3:0 на домашен терен. Девојките на Кирил Изов одиграа одличен натпревар и сосема очекува стигнаа до трите бодови.

Радица Чонева во 38. минута од средбата постигна гол за водство на домаќинот од 1:0 на полувреме. Во второто полувреме Кристина Петрушевска постигна погодок за двојна предност на домаќинот, а веќе во 62. минута резултатот беше 3:0 откако стрелаше Катерина Петкова за висока и убедлива победа.


Кочани го слави името на Ангела Стојковска која со два погодоци во 30. и 45. минута го реши натпреварот со Топ Гол, со што тимот од Битола беше поразен со 2:1.

Во 73. минута Ивана Милевска погоди за конечни 2:1 и ублажување на поразот за битолскиот тим.

Овие три бодови се повеќе од важни за Кочани бидејќи практично ова беше дерби од дното на табелата за опстанок во елитата.

Без проблеми шампионот Љуботен славеше со 0:3 на гостувањето кај дебитантот Вардар. Ангелина Јованоска погоди во финишот на првиот дел за 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Хава Мустафа во 59. минута ја дуплираше предноста за тимот од Тетово, а во самиот финиш во 86. минута Јулија Живиќ ги постави конечните 0:3.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Δ
1 ЖФК ЉУБОТЕН 9 9 0 0 45 2 +43 27
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 9 8 0 1 26 5 +21 24
3 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 9 6 0 3 19 14 +5 18 🔼
4 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 9 5 1 3 22 13 +9 16 🔽
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 9 5 0 4 28 13 +15 15
6 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 9 5 0 4 23 9 +14 15
7 ЖФК Вардар 2023 9 1 2 6 3 47 -44 5 🔼
8 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 9 1 1 7 7 16 -9 4 🔽
9 ЖФК РЕЧИЦА 9 1 1 7 11 29 -18 4
10 ЖФК КОЧАНИ 9 1 1 7 6 42 -36 4


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!