Дербито меѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро кое требаше да се одигра денес на Градскиот стадион во Валандово е одложено.
Натпреварот од 6. коло на Трета лига – Исток се одлага на барање на гостинскиот тим, а натпреварот ќе се одигра во друг термин.
„Натпреварот помеѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро, кој требаше да се одигра денес во 14 часот, е одложен. Причината за одложувањето е на страна на гостинскиот тим. Натпреварот ќе биде одигран во друг термин“, стои во соопштението на Победа Валандово.
Денес од 14 часот ќе бидат одиграни останатите четири натпревари.