КупФудбал

Љуботен со Ас Јунајтед, Тиверија Брера против Скопје во Купот – второлигашот Плачковица со Топ Гол

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во Куќата на фудбалот беше извлечена ждрепката за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.

Во четвртфиналето се пласираа седум прволигаши и еден второлигаш односно Ас Јунајтед, Каменица Саса, Кочани, Љуботен, Скопје, Тиверија Брера и Топ Гол, како и второлигашот Плачковица од Радовиш.

Ждрепката посака Кочани да игра против Каменица Саса, Љуботен против Ас Јунајтед, Тиверија Брера ќе се соочи со Скопје, а пак второлигашот Плачковица ќе игра против Топ Гол од Битола.

Дерби натпревар очекуваме во Тетово меѓу Љуботен и Ас Јунајтед, како и во Струмица меѓу Тиверија Брера и Скопје, додека пак Каменица Саса и Топ Гол како фаворити треба лесно да обезбедат полуфинале.

За екипата на Плачковица од Радовиш влезот во четвртфиналето е голем успех.

Натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија на програмата ќе бидат на 5 ноември. Се игра еден натпревар, а доколку нема победник во регуларниот дел, директно ќе се изведуваат пенали.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!