Словенечкиот интернационалец Гал Цирар, кој неодамна го раскина договорот со Охрид, ја избра следната дестинација во својата кариера.
Десното крило ќе настапува за австрискиот клуб Холабрун, кој се одликува со присуство на македонски играчи. Таму Цирар ќе соработува со поранешниот македонски репрезентативец, а сега тренер на тимот, Влатко Митков.
Покрај нив, во редовите на Холабрун играат и македонските интернационалци Филип Арсеновски и Хари Павлов, а клубот го засили и поранешниот играч на Охрид, Рудолф Сафранко.
Цирар до своето доаѓање во Охрид во 2023 година имаше настапи во словенечките клубови Тримо Требње и Јерусалем Ормож, каде ја градел својата интернационална репутација.