РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Важен натпревар против Беглија, но сме покажале дека можеме да се носиме со големите селекции

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација денеска патува за Гент каде што на 10. октомври ќе се соочиме со Белгија во натпревар од квалификациите за СП 2026.

Нашиот најдобар национален тим одработи мини подготовки во Скопје. Дефанзивецот на белгиски Ст. Труден, Висар Муслиу смета дека може да се спротивставиме на силниот противник и сериозно да конкурираме за првите две места на табелата за пласман на Мундијалот следната година.

„Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање, но ниту е крај на светот. Треба да се подготвиме како и за сите други предизвици, како на минатите натпревари, со ладна глава да влеземе во мечот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите нас.

Нормално е дека Белгија ќе не анализира од нашиот последен меѓусебен дуел, но ние многупати сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно со големите репрезентации. Ќе се потрудиме да се подготвиме и да покажеме на терен дека сме конкурентни“.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!