Ракомет

Куманово реагираше по лошиот старт – се враќа Огњен Радојиќиќ!

Сподели
Сподели

По слабите резултати на стартот од сезоната, ракометниот клуб Куманово реши да интервенира во ростерот и да донесе засилување на левата бековска позиција. Нов член на тимот повторно е српскиот интернационалец Огњен Радојиќиќ, кој веќе ги бранеше боите на Куманово пред две сезони.

Радојиќиќ, роден во 2000 година, висок 198 сантиметри, важи за силен и продорен лев бек со одличен шут од далечина. Тој се приклучува на екипата на тренерот Љубиша Димковски со цел да помогне во стабилизирање на формата и подобрување на резултатите по тешкиот старт во Суперлигата.

„Искрено, не се двоумев кога повторно ме повикаа од Куманово. Без размислување се вратив во клубот каде што пред две години поминав убав дел од мојата кариера. Ќе направам сè што можам овој резултатски лош период тимот да го надмине и да се вратиме на победничките патеки“, изјави Радојиќиќ по потпишувањето на договорот.

Куманово во досегашниот дел од сезоната има само една победа и пет порази по шест одиграни кола, па новото засилување се очекува да донесе потребна енергија и искуство во борбата за повисок пласман во првенството.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло на Втората лига меѓу Слога Виница и големиот фаворит Охрид. Триумф...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!