КупФудбал

Фаворитите според планот во женскиот Куп: Тиверија и Саса пресилни – противниците се откажаа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од осминафиналето на женскиот Куп на Македонија, а фаворитите според планот обезбедија пласман во четвртфиналето.

Бранителот на Купот титулата, екипата на Љуботен во комбиниран состави и без да троши сили со 0:2 го доби второлигашот Конзули.

Елена Симјанова го отвори резултатот во битолско Кравари во 21. минута, а пак Јулија Живиќ во 42. минута ги постави конечните 0:2.

Во единственото второлигашко соочување Плачковица беше подобра од Порече во Радовиш благодарение на голот на Розета Ташкова, која беше прецизна во 9. минута.

За радовишкиот тим ова е голем успех пласирајќи се во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Топ Гол со сигурни 3:0 го доби соочување со Речица. Дарија Стојчевска во 12. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел два гола постигна Сара Стевановска.

Ас Јунајтед обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија откако во најголемото дерби од осминафиналето славеше над Истатов со 3:1.

Новото засилување на стружанки Јована Павловска го отвори резултатот во 17. минута за водство на домашниот тим од еден гол по првите 45 минути.

Во вториот дел Радица Чонева израмни на 1:1 во 55. минута откако беше сигурна од белата точка.


Но, домашниот тим брзо дојде до нова предност преку Теодора Далческа во 67. минута, а три минути подоцна бразилската интернационална Ана Беатриз Тарантино Гилхермино Салино го постави конечните 3:1.

Прволигашот Кочани славеше во Охрид над второлигашот Билјанини Извори со резултат од 2:4. Гостинот преку Андреа Донева дојде до водство по четири минути игра, а во 10. минута Викторија Стојаноска израмни на 1:1.

Сепак, прволигашот преку втор гол на Донева во 27. минута и голот на Џенита Кицара во 30. минута замина на полувреме со предност од 1:3.

Во вториот дел искусната Катерина Милеска постигна гол за 1:4, а конечните 2:4 ги постави Ева Андова во 90. минута.

Очекувано Скопје патува во следната фаза од Купот откако со убедливи 8:0 славеше над Вардар.

Јована Каралиоска постигна два погодоци, а по еден гол постигнаа Сара Евтинџиоска, Кристина Крстева, Елена Наумоска, Бесарта Фида и Ана Боризоска, а пак Јелена Радевич си постигна автогол.


Два натпревари не го дочекаа својот крај во Велес и во Македонска Каменица.

Натпреварот меѓу второлигашот Борец и прволигашот Тиверија Брера не го дочека својот крај, откако истиот беше прекинат во 64. минута од мечот при резултат од 0:16 за струмичанки, бидејќи домашниот тим остана со шест играчи на терен.

„Натпреварот одигран и организиран по ПФИ со одредени забелешки кои ги наведуваме во продолжение. Во 64 минута натпреварот беше прекинат бидејќи домашна екипа на ЖФК Борец остана со 6 играчи на терен, откако претходно во 61 минута се повреди играчот од домашната екипа со број 6, потоа во 62 минута играчот од домашната екипа со број 9 и во 64 минута играчот од домашната екипа со број 8. На денешниот натпревар беше присутен лекар од ЈЗУ Итна медицинска помош, но, лекарот не беше прикажан во комет записникот. Снимениот материјал ќе биде доставен од страна на домашната екипа во ФФМ во определениот временски период“, се вели во официјалниот записник од натпреварот кој се играше во Велес.

По три погодоци за Тиверија Брера постигнаа Ане Бошеска, Стефанија Божинова и Данче Карпузовска, по два погодоци Теона Галабовска и Розита Пецева, а по еден гол Слаѓана Ѓорѓиева, Ангела Димчова и Викторија Петкова.


Во Македонска Каменица вториот дел од натпреварот меѓу прволигашот Каменица Саса и второлигашот Слободен воопшто не се одигра.

По првите 45 минута резултатот беше 10:0 за домашниот тим, а гостинскиот тим иако на записникот имал пријавено 11 играчи, истиот го започнал со девет играчи, а по паузата од 15 минути екипата на Слободен воопшто не се појавила на теренот.

„Натпреварот се одигра според правилата и прописите на ФФМ. Натпреварот е сниман, снимката ќе биде доставена до ФФМ. Присутен лекар. Гостинската екипа во записникот имаше пријавено 11 играчи, а натпреварот го започна со 9 играчи. Истата екипа после паузата од 15минути не се појави на теренот за игра. На теренот беа присутни само играчите на домашната екипа и сите официјални лица“, се вели во официјалниот записник од мечот.

Во однос на самата средба Драгата Костова имаше хет-трик, по два гола постигнаа Васка Василева и Тчеури Харуми Гоја, а по еден гол Радица Велкова, Јована Митева и Христина Јовановска.

Ова значи дека во четвртфиналето се пласираа Љуботен, Тиверија Брера, Топ Гол, Скопје, Ас Јунајтед, Кочани, Каменица Саса и единствениот второлигаш Плачковица од Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!