Ракомет

Охрид рутински го совлада Радовиш и се загреа за европската сцена

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ја оправдаа фаворитската улога и на домашен терен славеа убедлива победа против Радовиш (35-17) во рамки на 7. коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар од почеток до крај па тоа за „гладијаторите“ беше само загревање за претстојните дуели во ЕХФ Европскиот Куп, кои ги очекуваат веќе овој викенд против азербејџанскиот Баки.

Радовиш успеа да ја одржи резултатската рамнотежа само во првите петнаесет минути (8-7), по што охриѓани заиграа посериозно и со серија погодоци предводени од Лиапис, Петриќ и Савревски, заминаа на предност од 14-8, а на паузата водеа со 16-11.

ФОТО: Спортска Мрежа

Вториот дел донесе целосна доминација на „гладијаторите“, кои отворија со серии од 7-0 и 8-0, поведувајќи со 24-11. До крајот, домашниот состав рутински го контролираше резултатот, додека демотивираниот гостин од Радовиш постигна само шест погодоци во вторите 30 минути.

Најефикасни кај победникот беа Дарко Ѓукиќ и Стефан Петриќ со по шест гола, додека Давид Савревски постигна пет. Голманот Даниел Ѓорѓески имаше осум одбрани и беше сигурна поддршка зад дефанзивата. Кај Радовиш, Бобан Каковски беше најпрецизен со шест погодоци, но неговиот учинок не беше доволен да се избегне висок пораз, а натпреварот го заврши со црвен картон поради приговор.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со оваа победа, Охрид останува во самиот врв на табелата и во одлично расположение го очекува европскиот предизвик.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло на Втората лига меѓу Слога Виница и големиот фаворит Охрид. Триумф...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!