РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Бојан Миовски: Овие натпревари се едни од најважните во поновата репрезентативна историја

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската А репрезентација со полн состав ги одработува подготовките за претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, против Белгија (10 октомври, Гент) и Казахстан (13 октомври, Скопје).

Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, смета дека двата дуели имаат историско значење за македонскиот фудбал.

„Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза од квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал, затоа и се наоѓаме во ваква позиција. Во моментов сме први во групата, со гол-разлика 11:2. Ако некој пред почетокот на циклусот ни кажеше дека ќе бидеме во ваква ситуација, сите ќе бевме презадоволни, но работата сè уште не е завршена,“ изјави Миовски.

Тој додаде дека свесно влегуваат во еден од најтешките натпревари во групата, но и дека веруваат во своите сили:

„Белгија е врвна репрезентација, деведесет отсто од нивните играчи настапуваат во топ петте европски лиги. Но ние играме како тим, тоа веќе сме го докажале. Знаеме дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи, и верувам дека ќе видат одличен фудбал. Овие натпревари, заедно со оние против Казахстан и Велс, се едни од најбитните во поновата историја на нашата репрезентација.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!