Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица им оддаде признание на своите легенди – Василев и Панов добија заслужени почести, по примерот на Андреев

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Струмица повторно беше сведок на емотивен и величествен момент во чест на клупската историја и фудбалската традиција. Фудбалскиот клуб Беласица им оддаде признание на своите живи легенди Милан Василев и Ристо Панов, двајца играчи кои со својата посветеност, верност и љубов кон клубот оставија длабока трага во струмичкиот фудбал.

Во свечена атмосфера пред почетокот на натпреварот, претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда им врачи плакети и врамени дресови со нивните имиња и бројот на настапи, како симбол на благодарност за годините поминати во дресот на „сините“. Публиката на стадионот во Струмица со громогласни овации ги поздрави легендарните Василев и Панов, кои се меѓу најдобрите по број на настапи во историјата на клубот.

Милан Василев одигра 383 натпревари во 14 сезони за Беласица, постигна 69 погодоци и во три наврати беше најдобар стрелец на тимот. Неговите топовски удари и борбен дух го направија еден од најпрепознатливите играчи во историјата на клубот.

ФОТО: ФК Беласица

Ристо Панов, пак, е вистински симбол на одбраната и лидер на теренот. Во дресот на Беласица одигра 366 натпревари во 15 сезони, постигнувајќи 21 погодок. Со својата сигурност и лидерство, беше столб на шампионската генерација која ја освои титулата во Македонската лига во сезоната 1982/83.

ФОТО: ФК Беласица

Беласица со оваа гест продолжува со својата традиција на оддавање признание на клупските легенди, која започна неодамна кога слично признание доби и Петар Андреев, апсолутниот рекордер по број на настапи – 555 натпревари во 22 сезони и 50 постигнати погодоци.

ФОТО: ФК Беласица

Со вакви моменти, струмичкиот клуб покажува дека ја цени својата историја и луѓето кои ја создавале, потсетувајќи дека љубовта кон дресот и клубот е вредност што трае вечно.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!