Четвртото коло на Втората женска фудбалска лига донесе очекувани резултати, фаворитите стигнаа до лесни и убедливи победи за трите бодови.
Радовишка Плачковица на гостувањето во Велес славеше со 0:2 над Борец. Резултатот го отвори Кристина Василева во 12. минута од натпреварот, а во вториот дел Розета Ташкова постигна гол за конечни 0:2, откако стрелаше во 68. минута.
Билјанини Извори го декласираше Слободен во секој поглед на фудбалската игра со убедливи 10:0. Победата беше најавена уште во првиот дел кога девојките на Александра Рубаноска имаа шест гола предност, а во вториот дел на рутина како на тренинг само ја потврдија високата победа.
Ева Андонова беше најрасположена за погодоци откако постигна пет гола, а по два гола постигнаа Ивана Николоска и Стефанија Ристова, а пак Марија Јулчовска беше стрелец на еден гол.
Апсолутниот фаворит Конзули со убедливи 7:0 на домашен терен го тресна Порече од Македонски Брод. Без проблеми како на тренинг Конзули лесно стигна до нови три бодови и ита кон шампионска титула.
Мелица Милица Димитриоска постигна хет-трик, а два гола постигна искусната капитенка Мила Талевска. По еден гол за битолскиот тим постигнаа Тамара Нешковска и Марија Стојановска.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД | Промена |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ЖФК КОНЗУЛИ ЈУНАЈТЕД | 4 | 4 | 0 | 0 | 32 | 1 | +31 | 12 | ➖ |
| 2 | ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 | 4 | 2 | 1 | 1 | 22 | 8 | +14 | 7 | 🔼 |
| 3 | ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 | 4 | 2 | 1 | 1 | 15 | 10 | +5 | 7 | 🔽 |
| 4 | ФК Слободен/ЖФК | 4 | 2 | 0 | 2 | 6 | 18 | -12 | 6 | ➖ |
| 5 | ЖФК ПЛАЧКОВИЦА | 4 | 1 | 0 | 3 | 3 | 12 | -9 | 3 | ➖ |
| 6 | ЖФК БОРЕЦ | 4 | 0 | 0 | 4 | 0 | 29 | -29 | 0 | ➖ |