РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Ерменија У21 ќе тренира во Големо Коњари пред квалификацискиот меч со Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Голема чест и гордост за прилепското селото Големо Коњари! На 8 октомври (среда), националната репрезентација на Ерменија до 21 година ќе одржи официјален тренинг на локалниот стадион во рамки на подготовките за квалификацискиот натпревар против Македонија.

Тренингот ќе започне во 16:30 часот, а љубителите на фудбалот од регионот ќе имаат можност одблиску да ги следат младите ерменски репрезентативци и нивниот стручен штаб.

Посетата на Ерменија У21 претставува големо признание за инфраструктурата и условите во Големо Коњари, кои се покажуваат како одлична дестинација за спортски подготовки.

Инаку, Ерменија ќе игра против Македонија на 10 октомври на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, во рамки на квалификациите за Европското првенство 2027 година.

Фудбалското село Големо Коњари ќе биде дел од подготовките на една национална селекција – настан кој сигурно ќе остане запаметен во спортската историја на овој регион.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство....

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!