Ракомет

Почна продажбата на билети за европските натпревари на ГРК Охрид!

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб ГРК Охрид ја започна продажбата на билети за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, каде што охридските „гладијатори“ ќе се соочат со екипата на РК Баки од Азербејџан 🇦🇿.

Двата натпревари ќе се одиграат во салата „Билјанини извори“ на 11 и 12 октомври со почеток во 18:00 часот, а билетите се веќе достапни онлајн преку следниот линк.

Покрај тоа, билетите ќе може да се купат и на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ на 10, 11 и 12 октомври.

Од клубот информираат дека сезонските билети нема да важат за натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп.

Охридската публика се очекува повторно да го исполни спортскиот храм и да им даде силна поддршка на своите ракометари во обидот да обезбедат пласман во следната рунда од европското натпреварување.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство....

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Поврзани написи
Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!