Во среда (8. октомври) на Градскиот стадион во Пробиштип ќе се одигра пријателски натпревар меѓу најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и третолигашот Рудар.
Овој натпревар ќе биде потсетник за златните времиња на фудбалот во Пробиштип и за фудбалскиот клуб Рудар, потсетник за враќање на едни убави фудбалски времиња.
Натпреварот кој ќе се игра на Градскиот стадион во Пробиштип ќе започне во 15 часот.
„Како во најдобрите фудбалски времиња на Пробиштип, ни гостува составот на македонскиот фудбалски бисер ФК Вардар – пријателски натпревар. Да го исполниме градскиот стадион, да покажеме дека Пробиштип е фудбалски град, да покажеме дека во Пробиштип има фудбал, таленти и иднина“, велат од ФК Рудар.