Младиот фудбалер Стојанче Тренчев влезе во историјата на второлигашот Осогово од Кочани, откако младиот фудбалер кој има 21 година одигра 100 натпревари за овој клуб.
Младиот фудбалер остава трага во Осогово и уште еднаш ја покажува својата верност кон клубот за кој настапува.
„Стојанче Тренчев го одигра својот 100-ти првенствен натпревар за ГФК Осогово! Фудбалер кој со срце игра за Кочани и за нашите бои“, се вели во соопштението на клубот.
Тренчев целата своја кариера на стапува за Осогово, а дресот на „жетварите“ го носи од 3 септември 2014 година.