Денес се одиграа натпреварите од четвртото коло во Третата македонска фудбалска лига – Југ, а најубедлив триумф забележа екипата на Превалец, која на домашен терен ја декласира Младост од Кривогаштани.
Резултатот го отвори Стефан Коџабанов во 21. минута, а само четири минути подоцна погоди Антонио Чоков.
Хет-трик и уште еден гол постигна Кристијан Маневски, кој со четири погодоци беше најзаслужен за убедливиот триумф, додека Давид Спиридонов го заокружи конечниот резултат во висока победа за Превалец.

Превалец ја продолжува својата одлична победничка форма и се наметнува како голем фаворит за првото место кое води кон баражот за Втора лига.
До првиот бод сезонава стигна Дреново, кое на домашен терен ремизираше 1:1 со Бучин. Гостите поведоа преку Александар Србиновски, а Елмир Еминов израмни и донесе бод за домаќините.
Екипата на Борец од Велес, која минатата сезона испадна од Втората лига, запиша убедлива гостинска победа кај Млекара со 0:3.
Головите ги постигнаа Марко Миловановиќ за 0:1, Теодор Мирчевски за 0:2 и Бобан Дукадиновски во второто полувреме за конечни 0:3.
Венец на домашен терен славеше со убедливи 4:0 над Тополка. Стрелци беа Душко Пауновиќ за водство од 1:0 на полувреме, а во вториот дел погодија уште Јован Лебовски, Александар Трајков и Петар Ристовски.
Најмногу голови донесе дуелот меѓу Ултраc и Влазними Јуниор, кој заврши со висока победа на гостинскиот тим.
За домашниот тим двапати погоди Бобан Тошески, а еднаш Дарио Наумовски, а пак за гостинот по два гола постигнаа Мевлан Усеиноски и Емрула Велиоски, а пак по еден гол постигнаа Аделин Демири и Али Фејзулоски.
Дербито меѓу Башкими од Јаболчиште и Росоман заврши без победник – 1:1. Арлент Јашари донесе водство за Башкими во 47. минута, но Слободан Дуков израмни во 84. минута и му обезбеди бод на гостинскиот состав.
Во ова коло слободен беше тимот на Питу Гули.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК БОРЕЦ 1919 АД 🔼 | 4 | 3 | 0 | 1 | 14 | 1 | +13 | 9 |
| 2 | ФК РОСОМАН-83 ➖ | 4 | 2 | 2 | 0 | 6 | 4 | +2 | 8 |
| 3 | ФК ПРЕВАЛЕЦ 🔼 | 3 | 2 | 1 | 0 | 15 | 2 | +13 | 7 |
| 4 | ФК ПИТУ ГУЛИ 🔽 | 3 | 2 | 1 | 0 | 9 | 2 | +7 | 7 |
| 5 | ФК УЛТРАС 🔽 | 4 | 2 | 1 | 1 | 12 | 8 | +4 | 7 |
| 6 | ФК Влазними Јуниор 🔼 | 4 | 2 | 1 | 1 | 10 | 9 | +1 | 7 |
| 7 | ФК БАШКИМИ 2008 🔽 | 3 | 1 | 2 | 0 | 8 | 2 | +6 | 5 |
| 8 | ФК Бучин ➖ | 4 | 1 | 2 | 1 | 4 | 6 | -2 | 5 |
| 9 | ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 🔼 | 4 | 1 | 1 | 2 | 8 | 6 | +2 | 4 |
| 10 | ФК МЛАДОСТ 1930 🔽 | 4 | 1 | 0 | 3 | 4 | 18 | -14 | 3 |
| 11 | ФК ДРЕНОВО 2016 🔼 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 10 | -8 | 1 |
| 12 | ФК МЛЕКАР 🔽 | 4 | 0 | 1 | 3 | 1 | 12 | -11 | 1 |
| 13 | ФК ТОПОЛКА 🔽 | 4 | 0 | 1 | 3 | 1 | 14 | -13 | 1 |
| 14 | ФК СЛОГА 1976 ➖ | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |