Трета лигаФудбал

Победа Валандово гази се пред себе, ефикасно реми на „Кукуш“, Ударник го освои Свети Николе!

Сподели
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток. Лидерот Победа од Валандово продолжи со максимален учинок, откако со минимални 0:1 славеше во Пробиштип над екипата на Рудар. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Никола Костадинов, кој му донесе нови три бода на тимот од Валандово, кој останува перфектен по пет одиграни кола.

Изненадување се случи во Свети Николе, каде Овче Поле доживеа домашен пораз од Ударник Пирава со 1:2. Гостите поведоа во 44. минута преку Јовче Крстев, а на стартот од вториот дел Адријан Спасиќ зголеми на 0:2. Единствениот погодок за Овче Поле го постигна Тоше Манов во 90. минута од пенал.

Брегалница од Делчево славеше убедливо со 0:3 на гостувањето кај Дојранско Езеро. Јован Дојчинов го отвори резултатот уште во 6. минута, а во второто полувреме Мартин Вучковски и Матеј Ѓорѓиев ги поставија конечните 0:3.

Малеш конечно се израдува на први сезонски бодови, откако на домашен терен убедливо ја совлада Струмичка Тиверија. Ерол Пилов беше двоен стрелец, додека Михаиел Гошевски и Бојан Мичковски додадоа по еден погодок, а автогол си постигна Виктор Андреевски.


Во можеби највозбудливиот натпревар од колото, меѓу Хоризонт Турново и Карбинци, немаше победник – двете екипи одиграа 3:3. За домашните погодија Дејан Блажевски и двапати Димче Јовов, додека за гостите двоен стрелец беше Марио Атансовски, а еден гол постигна Христијан Крстов.

Во рамки на 5. коло слободна беше екипата на Светлост од Зрновци.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПОБЕДА Валандово 🔼 4 4 0 0 10 2 +8 12
2 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 🔽 4 3 1 0 18 8 +10 10
3 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ ➖ 5 3 0 2 11 6 +5 9
4 ФК УДАРНИК 🔼 4 3 0 1 11 7 +4 9
5 ФК Брегалница 1926 🔼 5 3 0 2 10 8 +2 9
6 ФК КАРБИНЦИ 🔽 5 2 2 1 9 6 +3 8
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 🔽 5 2 1 2 5 5 0 7
8 ФК ТИВЕРИЈА ➖ 5 1 0 4 5 11 -6 3
9 ОФК МАЛЕШ 🔼 4 1 0 3 7 14 -7 3
10 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 🔽 5 1 0 4 4 12 -8 3
11 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ ➖ 4 0 0 4 4 15 -11 0


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!