Прва лигаФудбал

Љупче Џеков: Атмосферата е одлична – со тимска игра верувам дека бодовите ќе останат во Кратово!

Сподели
Сподели

Силекс се наоѓа во резултатска мини криза со три порази по ред во Првата македонска фудбалска лига, но кратовскиот прволигаш верува дека токму дуелот против Тиквеш ќе биде вистинска шанса за враќање на победничките патеки.

Иако резултатите во последните натпревари не се на посакуваното ниво, атмосферата во таборот на Силекс останува позитивна, а играчите се решени да го прекинат негативниот низ на свој терен.

„На дуелот со Тиквеш одиме на три бода, сакаме да излеземе од мини кризата. Ќе се обидеме да го искористиме нашиот домашен терен и домашната публика за да се вратиме во вистинскиот колосек. Атмосферата во тимот е одлична, трите порази гледаме да ги ставиме на старана и максимално да се фокусираме кон мечот со Тиквеш. Се надевам дека ќе ги освоиме трите бода, затоа што овој меч многу ни значи и да ја подигнеме самодовербата во екипата. Имаме респект за тимот од Кавадарци, Тиквеш на чело со тренерот Мојсов игра добро, но ние имавме доволно време да го анализираме противникот и со тимска игра се надевам дека бодовите ќе останат во Кратово“, рече Љупче Џеков, голманот на кратовскиот прволигаш.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!