Македонската женска ракометна репрезентација претрпе минимален пораз од Египет (18-19) во второто коло од турнирот „Трофеј Македонија“ што се игра во Охрид. Исходот беше решен на само девет секунди до крај, кога африканската селекција погоди од пенал и ги однесе бодовите.
Мечот беше исполнет со многу пресврти и грешки на двата тима. Македонија одлично влезе во натпреварот и стекна водство од три гола (7-3 и 9-6), но Египет успеа да се врати и на пауза се замина со израмнет резултат 10-10.
Во продолжението нашите ракометарки повторно имаа моменти на добра игра, но недостасуваше концентрација во клучните моменти. Египет прв стекна предност од два гола (15-13), по што следеше серија на израмнувања.

На пет минути до крај Македонија поведе со 18-17 преку Кипријановска, но шансата за зголемување на водството не беше искористена.
Во драматичниот финиш, неколку промашувања и изгубени топки ја чинеа Македонија поскапo отколку што требаше. Египет прво промаши пенал, но доби уште една можност и овојпат беше прецизен. Во последните секунди македонските репрезентативки не успеаја да израмнат и така победата замина кај гостинките.

По овој резултат, Египет и Македонија имаат по два бода, додека Грција е лидер со три. Утре ќе се одиграат последните натпревари – Египет против Тунис и Македонија против Грција, по кои ќе биде познат и победникот на турнирот.
