В недела започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а во која ќе настапат десет екипи и со тоа овој третолигашки регион ќе биде најмал односно со најмалку екипи.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат Кравари, Славеј од Мешеишта, Демир Хисар, Влазними, Велешта, Света Троица од Охрид, Караорман, Кораб и новите третолигаши Могила и Напредок од Ношпал.
Првата рунда се отвара во сабота со натпреварот во Струга каде ќе играат Караорман и Кораб од Дербар, а во рамки на првото коло останатите натпревари ќе се одиграат во недела. Екипата на Кравари ќе игра против Славеј од Мешеишта, тимот на Демир Хисар ќе се соочи со Влазними, а пак Велешта Јунајтед на домашен терен ќе игра со Могила. Екипата на Света Троица во Охрид ќе го пречека Напредок од Ношпал.
Во новата сезона изразите фаворити за првото место нема, па тоа ќе понуди одново неизвесна трка во битката за првото место. Шампионот обезбедува бараж за можен влез во Втората лига.