По саботниот натпревар во Сингелич, каде што Шкендија Арачиново славеше со 2-1 против ГФК Охрид Лихнидос во рамките на второто коло од Втората македонска фудбалска лига, следуваше вербален „продолжеток“ надвор од теренот.
Откако охридскиот клуб преку соопштение реагираше на организацијата на мечот, судиските одлуки и условите на стадионот „Фортуна Хасан Бег“, од таборот на Шкендија испратија официјален одговор во кој бараат противникот да покаже спортски дух и зрелост.
Соопштението на клубот го пренесуваме во целост:
„Ние, организаторите на натпреварот кој се одржа во саботата во Сингелич, чувствуваме потреба да реагираме на некои неточни информации кои се шират на социјалните мрежи и во медиумите.
Во интерес на вистината, сакаме да појасниме дека:
Изјави од ваков тип од клуб како Охрид, кој сериозно се бори за влез во Првата лига, не се професионални и можат да го нарушат имиџот на клубот. Доколку член на управата добие црвен картон поради навреди, тогаш клубот треба да преземе одговорност, а не да излегува со оправдувања или обвинувања.
Клуб кој цели кон елитата треба да покаже зрелост, етика и почит кон правилата – и на теренот и надвор од него. Ваквото однесување не само што го оштетува угледот на клубот, туку и го доведува во прашање неговиот сериозен пристап кон натпреварувањето.
Наместо оправдувачки изјави, подобро би било да се побара јавно извинување и да се преземат внатрешни мерки за ваквите ситуации да не се повторуваат.
Погледнете го видеото каде што судијата, на неправеден начин, се обидува да го оштети нашиот тим со тоа што не досудува очигледен пенал. Како клуб, не бараме помош од никого – единствено бараме фер и правично судење на секој натпревар. Ништо повеќе, само фер судење, без навивање за ниту една страна.
Додека гостинскиот тим треба да го прифати поразот со спортски дух и да не бара оправдувања или да се жали по натпреварот. Фудбалот бара храброст за да се прифати резултатот на теренот, а не игри надвор од него за да се покрие поразот. Обидите да се префрли вината на друго место немаат да ја сменат реалноста на теренот – таму каде што сѐ беше јасно за сите“, се вели во соопштението на второлигашот од Арачиново.
Натпреварот заврши со тимот на Шкендија Арачиново со резултат од 2:1.