Сите прилепски екипи кои ќе се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига – Југ добија по 20 фудбалски топки од потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Марјан Стојковски – Манта.
На овој начин ФФМ директно им помага на третолигашите пред почетокот на новата сезона во Трета лига – Југ, која стартува веќе овој викенд.
Дополнително, пред почетокот на Општинската лига, сите екипи под капата на ОФС Прилеп исто така ќе добијат фудбалски топки како поддршка за нивната работа и натпреварувања.