Вчера во Волино заврши 27-мото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица Куп“, кој годинава беше од меморијален карактер за прерано починатиот наш Крсте Илинкоски.
Турнирот траеше две недели, а на него учествуваа 31 екипа од целата држава, создавајќи вистински фудбалски спектакл.
Во големото финале, пред полни трибини и вриеж на емоции, домашната екипа на Сатеска го подигна пехарот, славејќи титула и награда од 200.000 денари. Со сигурна и дисциплинирана игра, Сатеска уште еднаш потврди зошто е неприкосновена сила на турнирот.

🥇 Прво место – Сатеска (200.000 денари)
🥈 Второ место – Брумел (100.000 денари)
🥉 Трето место – Хотел Инекс и Спа (30.000 денари)
🏅 Четврто место – Чардак Велгошти (10.000 денари)
Освен колективниот успех, беа доделени и индивидуални признанија:
🏅 МВП награда „Зоран Митрески – Бутрагењо“ – Дарко Симјаноски (Сатеска)
⚽️ Најдобар стрелец – награда „Крсте Илинкоски“ – Никола Секулоски (Сатеска)
🧤 Најдобар голман – Јанче Јанчески (Сатеска)

Организаторите упатија огромна благодарност до сите поддржувачи, 31-те екипи и верната публика, која со своето присуство и навивање создаде неповторлива атмосфера од почетокот до крајот на турнирот.
Со ветување дека следната година ќе биде уште поголемо и подобро издание, „Богородица Куп“ уште еднаш ја потврди својата титула на еден од најголемите турнири во мал фудбал во Македонија.
Годинава по првпат Спортска Мрежа медиумски го поддржа овој спортски настан, а годинава се одржа 27. издание.