Турнири

Фреит Оне со „испука“ Блик Мак, Железарец преку Дивино во полуфинале на „Јосифовско лето 2025“

Сподели
Сподели

Познати се сите полуфиналисти на турнирот во мал фудбал „Јосифовско лето 2025“, а кои натпревари се играа вечерва.

Најдобрите четири екипи во директна битка да обезбедат „билет“ вреден пласман во големото финале.

Синоќа екипата на Железарец во возбудлив и неизвесен меч стигна до полуфинале совладувајќи го тимот на Дивино со резултат од 2:1.

Во вториот четвртфинален натпревар екипата на Фреит Оне од Радовиш пукна „петарда“ откако со 5:0 го збриша составот на Блик Мак и се чекираше во полуфиналето.

Вечерва на програмата ќе бидат двата полуфинални натпревари. Железарец на мегдан со Фреит Оне, а пак Еклер Транс ќе го предизвикува Кеги Моби.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

Турнири

Пријавувањето за турнирот „Стојаково 2025“ влегува во финиш – побрзајте!

Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до...

ТурнириФудбал

Пандев и легендите на Македонија ќе настапат на престижниот турнир Куп на Конфедерации во Рим

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со уште неколку...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!