Во рамки на третото коло од Првата женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Истатов дојде до првата и тоа убедлива победа во новата сезона. На гостувањето против новиот прволигаш ЖФК Вардар славеа со високи 0:11.
Стрелците на головите беа поделени меѓу повеќе фудбалерки – Меланија Грозданова постигна два гола, исто толку запиша и капитенката Кристина Петрушевска, а двоцифрената бројка ја заокружи и Севим Илјаз со свои два погодоци. По еден гол додадоа Андреа Коловска, Миа Головска, Елма Шемсовиќ и Ива Здравевска. Еден гол заврши и како автогол на Ива Новак од редовите на Вардар.
Екипата на ЖФК Топ Гол ја запиша првата победа во новата сезона, совладувајќи го тимот на ЖФК Речица со резултат 3:5.
Натпреварот започна динамично – уште во 6. минута Ивана Милевска донесе водство за гостинките (0:1). По две минути домашните израмнија преку пенал што успешно го реализираше Емили Митковска (1:1). Топ Гол повторно поведе во 12. минута со вториот гол на Милевска (1:2), а Сара Стевановска погоди за 1:3. До крајот на првиот дел, Марија Антевска намали на 2:3.
Во второто полувреме, Дарија Стојчевска зголеми на 2:4, а Михаела Марковска постигна гол за 2:5. И Марија Антевска за 3:5 во 86минута.
Интересен дуел се одигра помеѓу екипите на ЖФК Скопје и ЖФК Тиверија, кој заврши со резултат 2:1 во корист на домаќинките.
Натпреварот го отвори Розита Пецева во 10. минута, но по само шест минути Јована Каралиоска израмни за 1:1, резултат кој важеше до паузата. Во второто полувреме, во 66. минута, Ана Боризоска постигна победнички гол за конечни 2:1.
Натреварот помеѓу ЖФК Љуботен и ЖФК Кочани ќе се одигра во среда во 17:00 часот во Тетово.