Четири натпревари од третото коло на Првата женска фудбалска лига ќе се одиграат денес, а колото ќе се затвори во среда со натпреварот меѓу шампионот Љуботен и повратникот во елитата Кочани.
Вардар е дебитант во Првата лига и ќе игра за првпат, а на домашен терен во Драчево ќе се соочи со Истатов.
Правдата на средбата која започнува во 12 часот ќе ја дели Дејан Младеновски од Скопје, а негови помошници ќе бидат Тамара Астарџиев и Дејан Димитријевиќ од Скопје, а пак Никола Божиновски од Скопје ќе биде контролор.
Речица на домашен терен ќе игра против Топ Гол од Битола, а мечот ќе започне во 16 часот. За правдата ќе биде задолжен Бархиљ Ибраими од Тетово, а негови помошници ќе бидат Цветанка Савеска од Јегуновце и Метин Османи од Тетово.
Дејан Неделкоски од Скопје ќе биде контролор на средбата.
Во Пржино ќе се соочат Скопје и Тиверија Брера, а за правдата ќе биде задолжен Ангелчо Ристов од Неготино, негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров од Неготино и Душко Панов од Кавадарци. Контролор на средбата ќе биде Драган Ристовски од Куманово. Стартот е закажан за во 17 часот.
Во Струга домаќинот Ас Јунајтед ќе се соочи со Каменица Саса во меч каде за правдата ќе биде задолжен Дарко Котевски од Битола, со неговите помошници Дарко Василевски од Битола и Николче Николовски од Ресен.
Жарко Тодоровски од Охрид ќе биде контролор на мечот кој започнува во 17 часот.
Колото се затвара во среда со мечот кој се игра во Тетово меѓу актуелниот шампион Љуботен и повратникот Кочани, а истиот ќе започне во 17 часот.
Александар Спасова од Мустафино, светиниколско ќе биде главен судија, а помошници се Татјана Ивановска од Куманово и Тамара Цветановиќ од Скопје.
Контролор на средбата ќе биде Аце Миноски од Скопје.