Прва лигаФудбал

Силекс неприкосновен – четврта победа во низа, Мирчевски херој на триумфот против Арсими

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Силекс продолжува со одличниот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига и по четврото коло е единствениот тим со максимален ефект – четири победи од четири натпревари и ниеден примен гол, за разлика од Струга која исто така има четири од четири, но има еден примен гол.

Кратовци во Гостивар ја совладаа екипата на Арсими со минимални 0-1, во тврд и тежок натпревар исполнет со борбеност и силни дуели. Херој на победата беше Мартин Мирчевски, кој во 18. минута по одличен центаршут на Рајков ја затресе мрежата на домашниот голман Исљами.

Домашните фудбалери протестираа, барајќи офсајд, но ВАР-системот потврди дека Мирчевски беше во регуларна позиција – цели 47.7 сантиметри зад линијата на одбраната.

По водството, Силекс имаше уште неколку добри шанси преку Пиреш, Алиќ и Хрвановиќ, но и Арсими создаде прилики за израмнување. Најопасен беше Белули од слободен удар и Дардишта со удари со глава, но Џеков беше сигурен на голот. Во завршницата, Хуриќ се обиде со спектакуларни „ножички“, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа, тимот на Александар Васоски е на врвот од табелата со 12 бодови и гол-разлика 12:0, потврдувајќи ја улогата на еден од најсериозните кандидати за титулата.

Во следното коло, по двонеделната репрезентативна пауза, Силекс на домашен терен ќе го пречека Работнички, додека Арсими гостува во Битола против Пелистер.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!