Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Рудар од Пробиштип ја темпира формата за новата сезона под водство на Тихи Василевски!

Сподели
Сподели

Третолигашот Рудар од Пробиштип ги започна подготовките за новата сезона во Трета лига – Исток, која ќе стартува на 7 септември.

Рудар започнува со нова организациска структура и скромен буџет, екипата е составена од релативно млад играчки кадар, но како што дознава Спортска Мрежа и со неколку искусни имиња кои се враќаат во клубот да му помогнат и да го пренесат знаењето, а тоа Бошко Ступиќ, како и Антонио Стојчов.

Клубот ќе го предводи новиот тренер Тихи Василевски, а новата управа е предводена од претседателот Дарко Анастасовски.

Младите фудбалски надежи кои што беа и се дел од младинските категории на клубот од Пробиштип се приклучени кон сениорскиот тим и новиот тренер Василевски ќе ги на располагање.

„Клубот започнува со нова организациска структура и скромен буџет. Екипата е составена од релативно млад играчки кадар, фудбалски надежи кои што беа и се дел од младинските категории на нашиот клуб изминатите години со поддршка од неколку искусни играчи. Нашите млади таленти се подготвени да го демонстираат својот потенцијал и на теренот и да се докажат со секој натпревар“, велат од клубот.

Веќе денес ќе се одигра и првиот пријателски меч против екипата на Тополка од Велес, а мечот ќе се игра на Градскиот стадион во Пробиштип со почеток од 17:30 часот.

 

По една година пауза ФК Рудар се враќа во Трета лига – Исток, а со тоа се враќа и фудбалот во Пробиштип во сениорска конкуренција. Новата сезона Рудар ја отвара против Малеш од Берово на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!