Второлигашот Охрид е во следната фаза на Купот на Македонија односно осминафинале, откако славеше над прволигашот Брера Струмица во пенал-рулетот.
Херој на овој меч е Ненад Пентелашоски, 16-годишниот голман на Охрид, кој одбрани пенал и така му овозможи на неговиот Охрид да се пласира во осминафиналето.
Брера Струмица како прволигаш уште во првата фаза од Купот го заврши натпреварување, откако во регуларниот дел беше 1:1, а пак пеналите беа кобни за тимот од Струмица.
„Натпреварот беше со многу борба и желба за победа од сите играчи. Влегов во игра неочекувано откако нашиот голман доби црвен картон. Неочекувано влегов во игра и мислам дека коректно ја заврши работата и мислам дека на крај ни се посреќи моите соиграчи ги постигнаа сите пенали, јас еден одбранив. Заслужено дојдовме до победа“, рече Пентелашоски во изјава за Охрид Спорт.
Младиот Пентелашоски во игра влезе откако Диел Доко заработи директен црвен картон во 45. минута од натпреварот, а на крајот Пентелашоски се покажа како јунак за Охрид и со тоа „рибарите“ се во осминафиналето од Купот на Македонија.
Одбранетиот пенал на младиот голман на Охрид предизвици „ерупција“ на трибините на стадионот „Билјанини Извори“, а овој млад херој ќе биде вистинска иднина на голот на „рибарите“.
Стружанецот Пентелашоски е млад и талентиран голман пред кого има блескава иднина, тој потекнува од школата на Караорман, а беше дел и од младинските категории на Струга Трим Лум пред да пристигне во Охрид.