Второто коло на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) ќе се игра во два дена. Седум натпревари ќе се играат во сабота, а еден под рефлектори во Струмица меѓу Беласица и Скопје.
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.
Во Тетово ќе се соочат Тетекс и Детонит Плачковица, а главен судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје, негови помошници ќе бидат Бојан Иваноски и Иван Ивановиќ од Скопје. За четврт судија е делегиран Дејан Младеновски од Скопје.
Делегат во Тетово на овој меч ќе биде Столе Тошев од кочанско Оризари, а пак Љубе Ристевски од Прилеп ќе биде контролор.
Во Виница ќе се соочат Слога и Големо Коњари, а за главен судија е делегиран Здравко Костовски од Штип, а негови помошници ќе му бидат Ристо Ѓорѓиев од Штип и Стојан Костадинов од Струмица.
Четврт судија на средбата ќе биде Димитар Пилешков од Штип, а пак Горан Илиќ од Скопје ќе биде делегат, а за контролор е делегиран Петар Мантев од Неготино.
Шкендија Арачиново против Охрид како домаќин ќе игра на теренот на Фортуна во Скопје.
Главен судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, а негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски од Куманово.
Четврт судија ќе биде Никола Петковски од Куманово, а пак Деан Марковски од Јосифово ќе биде делегат, а контролор Никола Божиновски од Скопје.
На Градскиот стадион во Кочани ќе се соочат Осогово и Преспа од Ресен, а правдата ќе ја дели Игор Иванов од Велес со неговите помошници Роберт Црвенов и Александар Ајдаров од Велес, а од велешанецот Боби Величков ќе биде четврт судија.
Никола Мицановски од Скопје ќе биде делегат, а пак Делчо Јакимовски од Скопје ќе биде контролор.
Блаже Петковски од Миравци ќе им суди на Победа и Каменица Саса во Прилеп, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Иван Танев од Гевгелија. Четврт судија ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија.
Делегат на средбата ќе биде Ненад Маркоски од Македонски Брод, а пак контролор ќе биде Ацо Мацевски од Струга.
Ангел Гелов од Кавадарци ќе патува во Гевгелија каде ќе им суди на Кожуф и Новаци, а ќе му помагаат Ване Дупкаров и Ване Данилов од Неготино, а четврт судија ќе биде Виолета Јанчева од Гевгелија.
Делегат на натпреварот ќе биде Цветко Костовски од Скопје, а пак контролор ќе биде Зоран Костоски од Прилеп.
Вардар Неготино на домашен терен ќе игра против Брегалница, а правдата ќе ја дели Александар Василевски од Скопје, со неговите помошници Александар Недевски и Бесар Абдули.
Нинослав Нанков од Скопје ќе биде четврт судија, делегат Зоран Христовски од Битола, а пак контролор Злате Лозаноски од Битола.
Колото ќе се комплетира во недела со натпреварот под рефлектори меѓу поранешните прволигаши Беласица и Скопје, а кој меч започнува во 19:30 часот.
Фуркан Идризи од Тетово ќе ја дели правдата, а негови помошници ќе бидат Гоце Петрески од Скопје и Идриз Идризи од Тетово. Четврт судија ќе биде Ненад Тодоровски од Скопје.
Славе Ѓоргоски од Крушеани ќе биде делегат, а пак контролор ќе биде Ѓорги Карајанов од Гевгелија.