Организаторите на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“ кој се игра во Волино, за полуфиналните и финалните натпревари, ќе овозможат пренос во живо.
Преносот ќе се реализира во живо на официјалната фејсбук страница на „Богородица Куп“.
Со овој потег се овозможува за дијаспората и за сите кои нема да може да присуствуваат во Волино, натпреварите да ги следат во живо преку директен пренос.
Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.