Седмото коло од Втората македонска фудбалска лига носи нова тренерска промена, овој пат во Прилеп, откако Победа и шефот на стручниот штаб Јане Николоски спогодбено се разделија.
Победа денес загуби од Башкими во Гостивар со 3:1, но таму ситуацијата од минатата сезона не е сјајна, проблем со финансии, со играчи, младите прилепски фудбалери минатата сезона предводени од Николоски изгинаа на терен, оставајќи срце на терен за Победа да се спаси преку бараж.
„Со ова соопштение, ФК Победа сака да информира дека, по взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да го прекинат својот професионален ангажман. Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати. Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи“, се вели во соопштението на ФК Победа.
Следува репрезентативна пауза можност повеќе од временски аспект за Победа да започне да бара тренер, кој ќе се нафати да ја води Победа во овој турболетен период за поранешниот прволигаш.