ФудбалЧетврта лига

Илинденска фудбалска дружба во Агино Село – постигнати пет погодоци

Сподели
Сподели

По повод големиот национален празник Илинден, денес во кумановско Агино Село се одигра фудбалски натпревар помеѓу актуелниот состав на ФК Македонија Агино и ветераните на клубот.

Натпреварот започна рано утринава во 9:30 часот и понуди пет погодоци. Актуелните фудбалери беа поуспешни од ветераните и победија со резултат 3:2. Сепак, резултатот беше во втор план – во преден план беа дружбата, забавата, пријателството и спортскиот фер-плеј.

Во рамки на празничната програма беа организирани и утринска литургија, примопредавање на кумството, како и празнична трпеза.

Синоќа, во Агино Село беше одржана и музичка забава по повод Илинден.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории на „Србија Опен 2025“

Минатиов викенд, клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација – „Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид), „Мастер“ (Охрид), „Сонкал“ (Мислешево – Струга) и „Ге-Бек“ (Ресен)...

Ракомет

​Матлиески повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!