Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шопска носи три бода за Саса, Атлетико слави голема победа со седум гола, Топ Гол го изненади Ас Јунајтед!

Сподели
Сподели

Во рамки на седмото коло од Првата женска фудблска лига Каменица Саса на домашен терен се соочи со Скопје 2014 каде домашниот тим со голот бугарската интернационалка Антонина Шопска дојде до триумф од минимални 1:0.

Истатов на домашен терен беше немоќен против фаворитот, актуелниот шампион од Љуботен, каде гостинот од Тетово запиша нова победа со резултат од 0:3 во меч каде 33-годишната Колумбијка Ингрид Јулиет Видал Исаза беше двоен стрелец, а вториот гол беше дело на Настасја Накова.

Речица на домашен терен доживеа голем пораз од повратникот Атлетико, откако гостинот од Битола стигна до прво сезонска славје со резултат од 2:7. За домашниот двата погодоци во второто полувреме ги постигна Емили Митковска, а за гостинот двојни стрелци беа Мелиса Милица Димитриоска и Сара Слободанка Димитриоска, а пак по еден гол постигнаа Емилија Петковска, Анета Марковска и искусната Симона Тасева.

Топ Гол на домашен терен приреди изненадување против фаворитот Ас Јунајтед кој загуби со 2:1 во Битола. По само две минути игра Сара Стевановска постигна гол за 1:0, а во 5. минута искусната голгетерка Улза Максути погоди за 1:1. Неизвесноста траеше до 82. минута кога Маргарита Талевска постигна гол за конечни 2:1 и огромна победа за Топ Гол, практично тоа беше прво сезонско славје за битолскиот тим.

Во рамки на седмата рунда слободна беше екипата на Тиверија Брера од Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!