Како што информираше Спортска Мрежа вчера беше отворено 4. коло од Трета лига – Запад, а денес истото се комплетираше. Дрита на домашен терен играше со Велазерими од Слатино, каде исходот беше 1:1. Исмаили погоди за домаќинот, а Мемеди во 82. минута за конечни 1:1.
Џепчишти го пречека Зајази каде запиша победа во меч каде беа постигнати пет гола за 3:2. Саљиу беше двоен стрелец за домаќинот, а еден гол постигна Садики. За гостинот Кадриу и Руфати беа стрелци.
Љуботен на домашен терен ја бараше првата победа во новата сезона против некогашниот прволигаш Ренова, каде исходот беше реми со четири погодоци за конечни 2:2. Ивица Костадиноски беше двоен стрелец за водство на домаќинот од 2:0 на полувреме, а во вториот дел поранешниот прволигаш преку Ходаи и Хазири стигна до конечни 2:2 и поделба на бодовите.
Доброшти на домашен терен се соочи со ланскиот шампион Влазерими, кој две сезони по ред не може да го помине баражот за Втора лига. Денес фаворитот Влазерими беше шокиран откако загуби на домашен терен со 3:1 што беше вистинско изненадување. Азизи постигна гол за 1:0, а Имери израмни на 1:1 на полувреме.
Во второто полувреме Доброшти преку двата гола на Бетим Етеми стигна до триумф од 3:1 и големи три бодови.
Вчера Напредок на домашен терен со 3:1 славеше над Камењане, а пак Вардар од Брвеница ја доби Речица со 3:0. Извештајот од овие натпреварите беше објавен вчера на Спортска Мрежа.