По три одиграни кола во Трета лига – Југозапад, фудбалерот на Сатеска од Волино, Никола Секулоски е најдобар стрелец со седум постигнати погодоци.
Секулоски има два погодоци повеќе во однос на Фатојн Леши кој го носи дресот на Кораби од Дебар и Нико Пластиновски кој настапува за Преспа, кои имаат по пет погодоци.
Тоа што е сигурно е дека во новата сезона од Трета лига – Југозапад ќе гледаме неизвесна трка на листа на најдобри стрелци, а уште посигурно е што ќе видиме и многу погодоци.
По четири погодоци имаат Беким Бекси од Велешта, Боге Бимбилоски од Света Троица 2021, Неџми Реџепи од Преспа и Денис Шадов од екипата на Влазними од Струга.
Темур Емини од Кравари има три погодоци, а по три гола имаат и Владе Јанакиевски и Мартин Кузманов од Евротип, Антонио Јаревски и Антонио Марцевски од Кравари.
Тројца фудбалери си постигнаа по еден автогол по три кола, а тоа се Ермир Нура од Велешта, Валентино Петрески од Демир Хисар и Никола Шеровски од Светлост.