Ракометниот клуб Прилеп објави дека е продолжена соработката со голманот Иван Ангелески и Александар Тренчевски и за следната сезона.
Голманот Ангелески останува да ги брани боите на Прилеп, а стави потпис на нов договор во должина од две години.
Кружниот напаѓач Тренчевски, исто така стави потпис на нов договор од две години.
Претходно, РК Прилеп ги продолжи договорите со Денис Шабановиќ, Томислав Квастек, Владо Кастратовиќ, а беше претставен Сандро Дарсаниа како ново засилување.