Младиот и перспективен голман Кристијан Ѓорѓиевски кариерата ќе ја продолжи во нов клуб, откако реши да си замина од второлигашот Вардар Неготино.
Интерес за Ѓорѓиевски има од повеќе екипи, а во следниот период ќе биде познато каде 21-годишникот ќе ја продолжи својата кариера.
Ѓорѓиевски во Неготино пристигна од редовите на Кожуф од Гевгелија, а претходно има настапувано за Брегалница како и за неколку екипи од Германија.