Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) По големиот инцидент ФФМ реагираше веднаш: Теренот во Неготино е суспендиран!

Сподели
Сподели

Вчера по завршувањето на мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид, во рамки на 4. коло на Втората македонска фудбалска лига, се случи голем инцидент по завршувањето на мечот, откако неслужбено лице го нападнат голманот на гостинскиот тим, по што реагираше и фудбалскиот клуб Охрид.

Фудбалската федерација на Македонија веднаш реагираше и донесе одлука да се суспендира теренот во Неготино, па така Вардар Неготино домашните натпревари ќе мора да ги игра на друг стадион.

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари, на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино – ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино. Суспензијата стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението на ФФМ.

ФФМ веднаш го суспендира теренот, со одлука која стапува на сила веднаш, а во следниот период ќе биде познато колку натпревари Вардар Неготино нема да може да игра на својот терен, односно колку натпревари ќе мора да игра на друг терен како домаќин.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПО НАТПРЕВАРОТ ВО НЕГОТИНО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!