По две одиграни кола во Втората женска фудбалска лига, Афродита Салихи од екипата на Кочани е најдобар стрелец, поранешната репрезентативка постигна седум погодоци.
На второто место на листата на стрелци е Ангела Стојковска, исто така фудбалерка на Кочани со пет погодоци.
По четири погодоци имаат Јована Ѓорѓиоска Блажеска од Порече и Мила Наумовска од Вардар. Теодора Јанковска од Вардар има три погодоци, а пак Марија Јулчовска од Билјанини Извори има два погодоци.
По еден гол постигнаа 14 фудбалерки, а пак Елеонора Митреска од Билјанини Извори и Александра Пешова од Борец си постигнаа по еден автогол.