По две одиграни кола од новата сезона во Третата македонска фудбалски лига – Југозапад, Фатјон Леши од екипата на Кораби и Никола Секулоски од екипата на Сатеска од Волино се најдобри стрелци со по пет постигнати погодоци.
Четири погодоци постигна Боге Бимбилоски од новиот третолигаш Света Троица 2021 од Охрид, по три погодоци имаат Антонио Јаревски и Антонио Марцевски од екипата на Кравари, како и Никола Пластиноски и Неџми Реџепи од Преспа.
Седум фудбалери имаат постигнато по два погодоци, а пак 21 фудбалер постигнаа по еден гол.
По два натпревари паднаа и три автогола, Ермир Нура од Велешта Унитед, Валентино Петрески од Демир Хисар и Никола Шеровски од Светлост си постигнаа автоголови.
Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од третото коло.