
Осминафинални парови за футсал Купот на Македонија. Второлигашките екипи од натпреварите во заградите најпрво играат меѓусебе, а победниците се пласираат во 1/8 финалната фаза од фтусал Купот.
Домаќин во 1/8 финале | Гостин во 1/8 финале |
КМФ Кеги Моби | (КМФ Проект Јосифово или КМФ Овче Поле) |
КМФ Железарец | КМФ Шкупи |
КМФ Арбен Бајрами | КМФ СК Проект |
КМФ Клими | КМФ Карадаку |
КМФ Јувентус Серава | (КМФ СЕЕ Университи или КМФ Шкендија) |
КМФ Мал Ајакс | КМФ Црна Река |
КМФ ФК Кратово | КМФ Велес |
(КМФ Енхалон 2020 или КМФ Велешта) | КМФ Астибо |
Натпреварот меѓу СЕЕ Университи и Шкендија се игра во недела со почеток од 17:00 часот во Тетово, натпреварот меѓу СФК Проект – Јосифово и Овче Поле од Свети Николе се игра исто така во недела со почеток од 17:00 часот. Дуелот меѓу струшките екипи Енхалон и Велешта се уште официјално не е закажан со термин за одигрување.
1/8 финалното дерби од футсал Купот се игра на Чаир помеѓу КМФ Арбен Бајрами и КМФ Проект.